Достапни линкови

logo-print

Земјотрес во Охрид и Струга


Сеизмограм за земјотресoт во Охрид.

Сеизмограм за земјотресoт во Охрид.

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денеска во 12:32 часот во Охрид, Струга и околината.

Земјотресот, според Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет, потекнува од охридското епицентрално подрачје, а неговиот епицентар се наоѓа на 100 километри југозападно од Скопје.

Освен вознемиреност кај жителите на Охрид, земјотресот што траеше 4 секунди и беше проследен со бучава, не предизвика материјална штета.

XS
SM
MD
LG