Достапни линкови

logo-print

Турција размислува за одлагање на парламентарните избори


Турската Влада ја разгледува можноста за одлaгање за неколку месеци на парламентарните избори, кои се закажни за 7 јуни 2015 година, пишува весникот „Хуриет Дејли Њуз“. Според весникот, владејачката Партија на правдата и развојот размислува претстојните избори да бидат одложени за април или мај 2016 година, што ќе зависи од политичкиот и економскиот развој. Турските власти размислуваат за презакажување на изборите, пред се поради кризата во Ирак и во Сирија и негативните последици од конфликтите во регионот.

XS
SM
MD
LG