Достапни линкови

Комитетот за ебола на СЗО се состанува утре


Комитетот за ебола на Светската здравствена организација ќе се состане утре за да разгледаат до каде е обемот на вирусот и дали се потребни дополнителни мерки за справување, соопшти денеска портпаролката на СЗО. Ова е трет пат од август како Комитетот се состанува за да ја оцени ситуацијата.

„Се случија многу работи, имаше случаи во Шпанија и во САД. А Сенегал и Нигерија беа тргнати од листата на земји погодени со ебола“, изјави Фадела Чаиб, портпаролка на СЗО.

Во Комисијата има 20 независни експерти, кои на утрешниот состанок можат да препорачаат забрани за патување или трговски рестирикции.

XS
SM
MD
LG