Достапни линкови

logo-print

Пет години затвор за Писториус


Пет години затвор, доби параолимпиецот од Јужна Африка Оскар Писториус. Судот во Преторија по седум месеци судење одлучи дека тој е виновен за убиство од небрежност на неговата девојка што се случи минатата година.

Обвинителството претходно побара 10 годишна казна затвор за спортистот, а одбраната пак побара куќен притвор и општествена работа. Тој ја застрела својата 29 годишна девојка во неговиот дом на Денот на вљубените. Писториус се бранеше дека станува збор за грешка и мислел оти станува збор за натрапник.

XS
SM
MD
LG