Достапни линкови

ЕП ќе го објави добитникот на наградата Сахаров


Европскиот парламент денеска ќе го објави добитникот на наградата Сахаров, за слобода на мислење. Финалисти се, украинското движење Еуромаиден, активистот за човекови права од Азербејџан Лејла Јунус и Денис Муквеге, лекар од Конго.

Прозападното движење Еуромаиден иницираше протести во Украина кои потоа доведоа до соборување на претседателот Виктор Јанукович во февруари. Јунус им помагаше на граѓаните присилно иселени од Баку и по составувањето на листи на политички затвореници во нејзината земја. Таа и нејзиниот сопруг се во притвор, обвинети за велепредавство. Во болницата Муквеге во Конго пак се лекуваат илјадници жртвите на силувања.

Европскиот парламент требаше да го објави добитникот на 16 октомври, но се одложи до денеска. Наградата од 50 илјади евра им се доделува на борците за човекови права и за слобода на изразување.

XS
SM
MD
LG