Достапни линкови

Хјуман рајтс воч - употреба на касетни бомби во Доњецк


Украинските владини сили употребиле касетни бомби во населени области во Доњецк на почетокот на овој месец, соопштија Хјуман рајтс воч. Од организацијата велат дека е документирана „широка употреба“ на касетни бомби во борбите меѓу владините сили и про-руските сепаратисти на повеќе од десетина локации. Од Хјуман рајтс воч велат дека не може да се утврди одговорноста во голем број случаи, но додаваат дека има силен доказ оти во неколку напади одговорноста е на украинската влада. Организацијата вели дека со употребата на вакви бомби во населени места се кршат законите за војување.

XS
SM
MD
LG