Достапни линкови

logo-print

Во Авганистан се зголемува производството на афион


Во Авганистан се зголемува производството на афион и покрај тоа што американската влада троши по 7, 6 милијарди долари да го запре процесот. Во извештајот објавен денеска од страна на Канцеларија на специјалниот инспектор за обнова на Авганистан, се наведува дека во 2013 афион се одгледувал на 209 илјади хектари, а во 2007 на 193 илјади хектари. Како причини за зголемувањето на производството, од Агенцијата го наведуваат зголемувањето на
на цените на опиумот, тоа што има повеќе евтина работна сила и подобра технологија. Според нив, со порастот на производството се доведуваат во прашање американските напори да го запрат производството. Од Амбасадата на САД во Кабул изјавија дека тоа се разочарувачки вести.

XS
SM
MD
LG