Достапни линкови

Лавров: САД со двојни стандарди за милитантите на ИД


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров удри по она што тој ги нарече двојни стандарди на Вашингтон со цел нда спроведе геополитичко дизајнирање на светот.

Зборувајќи на отвореното предавање за руската надворешна политика, министерот Сергеј Лавров го обвини Западот за зацврстување на позицијата на екстремистите во Сирија откако го прокламира, како што рече, слоганот за соборување на претседателот Башар ал Асад.

Како што знаете, освен воздушните напади, коалицијата воено ја поддржува и опозицијата во Сирија, која, според Американците, е умерена, а која се бори против владата на Асад која, пак, исто така е против џихадистите. Разговаравме со американските колеги во врска со овој парадокс, но не добивме јасен одговор.

„Ова придонесе за рапидно ширење на заканата од терористичката група позната како Исламска држава која освои големи делови од Ирак и Сирија и која спроведува шеријатско право“, изјави Лавров, кој исто така ја критикуваше и американската политика во Ирак.

Според него, по десетгодишното американско воено присуство, Ирак се соочува со најдлабока политичка криза и со вистинска закана дали воопшто ќе опстане како единствена држава.

Лавров наведе дека Москва им дава поддршка на Ирак и Сирија, вклучувајќи оружје и муниција, во борбата против верските екстремисти во регионот.

Овој нов период во нашите односи ќе биде долг. И не само поради фактот што украинската криза ќе потрае некое време сите ние ќе треба да размислуваме за обединување на нашите напори на конструктивен начин, а не преку унилатерални санкции.

Во исто време Лавров нагласи дека Москва не учествува во коалицијата предводена од Соединетите Држави во борбата против милитантите.

„Како што знаете, освен воздушните напади, коалицијата воено ја поддржува и опозицијата во Сирија, која, според Американците, е умерена, а која се бори против владата на Асад која, пак, исто така е против џихадистите. Разговаравме со американските колеги во врска со овој парадокс, но не добивме јасен одговор“, рече Лавров.

Ваквите негови критики, според аналитичарите, се дел од пошироката кампања во врска со, како што смета Москва, империјалистичката надворешна политика на Вашингтон, осбено во однос на Русија.

Во неделата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека односите меѓу Москва и Вашингтон се наоѓале во ќорсокак многу време пред кризата во Украина.

Критикувајќи ги Соединетите Држави за воведување санкции врз Русија, Лавров оцени дека Вашингтон презема инертен империјален пристап.

„Овој нов период во нашите односи ќе биде долг. И не само поради фактот што украинската криза ќе потрае некое време сите ние ќе треба да размислуваме за обединување на нашите напори на конструктивен начин, а не преку унилатерални санкции“, рече Лавров.

Вашингтон и Западот, според него, пливаат во спротивна насока и се обидуваат да ја задржат доминантната позиција и покрај тоа што светот веќе е, како што рече, повеќеполарен.

Лавров прецизира дека Вашингтон ја презел оваа позиција уште од крајот на Студената војна. Тогаш, како што додаде, САД ја пропуштиле историската шанса кога ги игнорирале руските предлози за заедничи развој на евроатлантскиот простор.

Тој ја искористи борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија за да го отслика ваквото негово тврдење, односно дека воздушните напади биле преземени без согласност на владата во Дамаск и на Советот за безбедност на Обединетите нации.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG