Достапни линкови

САД ја поздравија одлуката на Турција за Кобани


Соединетите држави ја поздравија одлуката на Турција да дозволи транзит на ирачки курдски борци во Сирија за да помогнат во одбраната на Кобани. Курдите во овој сириски град се под опсада на милитантите на Исламската држава повеќе од еден месец. Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу не наведе детали за одлуката на Анакара. Претходно Соединетите држави со воздушна акција ги снабдија курдските борци во Кобани со оружје и муниција. Во меѓувреме продолжуваат и воздушните напади на сојузниците врз позиции на џихадистите во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG