Достапни линкови

Сикорски: Путин предложил поделба на Украина


Владимир Путин Доналд Туск, 2010.

Владимир Путин Доналд Туск, 2010.

Претседателот на полскиот парламент Радослав Сикорски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин во 2008 година му предложил на тогашниот премиер на Полска меѓусебно да ја поделат Украина. Сикорски кој до минатиот месец беше шеф на полската дипломатија, за американскиот вебсајт „Политико“ прецизира дека Путин го дал предлогот за време на посетата на премиерот Доналд Туск на Москва. „Путин сакаше да станеме учесници на ова поделба на Украина“, вели Сикорски, додавајќи дека Туск не одговорил на предлогот на Путин.

XS
SM
MD
LG