Достапни линкови

Колку време Бакрачески потрошил на службени патувања?


Архивска фотографија: Седница на Советот на Општина Охрид.

Архивска фотографија: Седница на Советот на Општина Охрид.

Охридската опозиција праша колку денови во годината градоначалникот Никола Бакрачески поминал на службени патувања. Тој, пак, не кажа ништо за деновите, туку дека за службените патувања потрошил помалку пари од неговиот претходник.

Кој градоначалник повеќе трошел за службени патувања од општинскиот буџет? Ова прашање деновиве е актуелно во охридската јавност, исто како и прашањето на опозицијата, дали градоначалникот Бакрачески повеќе бил надвор од Охрид отколку во градот?

Ако ги погледнеме официјалните податоци кои ги има службата за финансии, а коишто се однесуваат за трошоците за службени патувања на претходниот градоначалник, тешко дека ниту јас, ниту неколку градоначалници после мене нема да ги достигнат милионските суми коишто се заведени како долг на Охрид за овие патувања,

Бакрачески, пак, возвраќа вели дека голем дел од патувањата ги платил од сопствен џеб. Според него, неспоредливо било колку пари потрошил тој за службени патувања во однос на неговиот претходник.

Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

„Ако ги погледнеме официјалните податоци кои ги има службата за финансии, а коишто се однесуваат за трошоците за службени патувања на претходниот градоначалник, тешко дека ниту јас, ниту неколку градоначалници после мене нема да ги достигнат милионските суми коишто се заведени како долг на Охрид за овие патувања, а кои сè уште не се платени, а кои ние треба да ги плаќаме“, вели Бакрачески.

Очигледно е дека градоначалникот избегна да одговори на ова прашање односно даде одговор колку претходниот градоначалник патувал и трошел своите патувања. Во наредниот период очекуваме да даде комплетно објаснување пред јавноста за неговите службени патувања, односно не само за неговите службени патувања туку да добиеме одговор што е бенефитот од тие патувања за Охрид.

Поранешниот градоначалник Александар Петрески во 2007 година за службени патувања во земјава на сметка на општината потрошил 177 илјади денари што е за 12 пати повеќе од она што го трошам јас, односно 527 илјади денари за патувања во странство што е за 1000 отсто повеќе од она што јас го потрошив во 2013 година, вели Бакрачески.

Во 2014 година на службени патувања во земјава, додава Бакрачески, сум потрошил само 12.800 денари, односно 189 илјади денари за странство, додека претходниот градоначалник во 2010 година ја оптоварил општинската каса за 1 милион денари, рече Бакрачески.

„Јас одговорно кажувам дека реализирав неколку службени патувања кои беа во име и во интерес на Општина Охрид, а за кои јас лично се откажав од финансиски надомест, односно истите ги реализирав на личен трошок исто како и моите претходници. Претходниот градоначалник во периодот од 2006-2013 година остварил повеќе од 50 службени патувања во странство“, рече Бакрачески.

Јоне Станкоски, советник од ВМРО-НП, вели дека градоначалникот Бакрачески треба да одговори пред јавноста колку во изминатиот период бил надвор од државата и од Охрид.

„И во јавноста се зборува дека повеќе оди на службени патувања и тоа го поставив како прашање на последната седница на советот. Но, очигледно е дека градоначалникот избегна да одговори на ова прашање односно даде одговор колку претходниот градоначалник патувал и трошел своите патувања. Во наредниот период очекуваме да даде комплетно објаснување пред јавноста за неговите службени патувања, односно не само за неговите службени патувања туку да добиеме одговор што е бенефитот од тие патувања за Охрид“, рече Станкоски.

„Граѓаните досега не можеа ништо друго да видат освен обвинувањата за претходната локална самоуправа и претходниот градоначалник и што тогаш тој правел“, рече Станкоски.

XS
SM
MD
LG