Достапни линкови

Злоупотреби и од двете страни во Украина


Организацијата Амнести интернешнел соопшти дека и про-руските сепаратисти и украинските сили може да бидат виновни за егзекузии и други намерни убиства за времe на конфликтот во источна Украина. Нема сомнeвање дека убиства и злостроства се извршени од двете страни, но тешко е да се добие целосна слика за обемот на овие злосторства, се наведува во извeштајот на Амнести објавен денеска. Од таму велат дека „изолирани инциденти“ се регистрирани на двете страни.

Амнести се сомнeва во тврдењата на сепаратистите и на руската влада за „масовни гробници“ во источна Украина, велејќи дека нашле докази за четири незаконски убиства од страна на украинските сили, односно пронашле тела на четворица мажи закопани во две гробници, но не и стотици тела како што тврди руската страна.

XS
SM
MD
LG