Достапни линкови

Бесими - Не очекуваме датум за преговори во декември


Во декември не можеме да очекуваме дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, бидејќи во отворените теми со Брисел спаѓа и решението на прашањето со Грција, односно со соседите и реално е дека ако нема решение на името до тој период, дека земјите-членки и овојпат нема да имаат консензус за започнување на официјалните преговори, рече вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими. Тој денеска во Брисел се сретна со директорот на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон.

Бесими вели дека Владата знае дека во извештајот се нотирани неколку области, каде ЕУ очекува во наредниот период поголем ангажман од наша страна. Тоа, според него е независноста на судството, слободата на изразување, меѓуетничките односи, политичкиот дијалог и добрососедските односи.

XS
SM
MD
LG