Достапни линкови

Силна експлозија го потресе Доњецк


Силна експлозија го потресе источниот украински град Доњецк. Причините за експлозија се уште не се утврдени. Извештаите велат дека во експлозијата се оштетени згради, но нема извештаи за евентуални жртви. Претставник на самопрогласената влада на сепаратистичкиот регион, изјави дека проектил истрелан од украинската војска погодил хемиска фабрика. Но извештајот не може да биде независно потврден. Според него експлозијата ја оштетила и онколошката болница која се наоѓа во близина.

XS
SM
MD
LG