Достапни линкови

Австрија и Унгарија бараат подобра контрола на границите


Илегални мигранти.

Илегални мигранти.

Австрија и Унгарија почнаа иницијатива за подобра контрола на надворешните граници на ЕУ, посебно оние кон Србија, бидејќи тоа е една од главните рути за премин на илегални имигранти, изјави австриската министерка за надворешни работи Јохана Микл Лајтнер.

Моментно, околу 100 бегалци дневно влегуваат во Австрија, од кои повеќето се државјани на Сирија и Ирак, кои бегаат од насилствата на групата Исламска држава (ИД).

Агенцијата на ЕУ за безбедност на надворешните граници - Фронтекс треба да ја почне операцијата на надворешната граница на Унијата меѓу Унгарија и Србија, за да се спречи илегалниот премин.

Во писмото кое ќе биде испратено од Будимпешта, поддржано и од Австрија, се бара дополнителен персонал и техничка опрема.

XS
SM
MD
LG