Достапни линкови

Премиерот знае најдобро


Прес на премиерот Никола Груевски на кој ја промовира кампањата за здрава храна и здрав начин на живот, „Здравјето е избор“.

Прес на премиерот Никола Груевски на кој ја промовира кампањата за здрава храна и здрав начин на живот, „Здравјето е избор“.

Груевски е главен промотор на сите кампањи, тоа не е ни чудно во општесто каде се е политизирано, велат комуниколозите. Друг проблем е колку пари се трошат и начинот на кој се даваат парите за владините кампањи.

Јас секогаш, и кога седам на предните, и кога седам на задните седишта, носам појас. Ова го порача премиерот на 12 септември кога во зградата на владата со министрите до себе ја промовираше кампањата за безбедност во собраќајот под мотото „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“. Во петокот, пак, со слична сценографија во владината зграда премиерот ја почна новата кампања „Здравјето е избор“, чија цел е подигнување на јавната свест за конзумирање здрава храна и здрав начин на живеење. Груевски детално објаснуваше што треба да се јаде, а што не, и која храна какви ефекти има врз организмот.

Кога во најавите на вестите во подолг период, односно во низа, тие заземаат примарно место, ги потиснуваат останатите теми од јавен интерес во втор план.

Според комуникологот Марко Трошановски не е спорно што ваков тип на кампањи ги води лично премиерот, бидејќи главни ликови вообичеано треба да бидат познати личности од јавната сфера, а во исполитизирано опшетство како нашето меѓу личностите со голем углед е токму премирот. Но, според него проблематично е како тие се пласираат во јавноста.

„Не е спорно дека јавни владини кампањи треба да имаат своја промоција и на информативните програми, меѓутоа кога во најавите на вестите во подолг период, односно во низа, тие заземаат примарно место, ги потиснуваат останатите теми од јавен интерес во втор план, со што јавноста можно е да се дефокусира од некои општествени или политички многу посуштински теми“, вели Трошановски.

Органот кој е надлежен за контрола, за превенција, тоа е антикорупциската комисија и другите антикорупциски тела, досега воопшто не се огласиле на оваа тема, ниту пак побарале од владата да соопшти колку пари се потрошени за кампањи.

Инаку двете последни масовни кампањи, за сообраќајот и за исхраната чинат по 500 илјади евра. Според антикорупционерите недоволно транспарентен е самиот начин на кој се даваат парите за владините кампањи.

„Органот кој е надлежен за контрола, за превенција, тоа е антикорупциската комисија и другите антикорупциски тела, досега воопшто не се огласиле на оваа тема, ниту пак побарале од владата да соопшти колку пари се потрошени за кампањи, бидејќи голем дел од овие кампањи одат за индиректно поткупување на одредени медиуми“, вели поранешниот член на антикорупциската комисија Вања Михајлова.

Минатиот месец Здружението на новинари врз основа на владин извештај соопшти дека за кампањите што се водеа од 2012 година до средината на оваа година Владата потрошила 18 милиони евра. Конкретно парите биле дадени за 27 медиумски кампањи.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG