Достапни линкови

logo-print

Пратениците на ДПА се вратија во Собранието


Тепачка во македонскиот парламент меѓу пратеници од партиите ДПА и ДУИ.

Тепачка во македонскиот парламент меѓу пратеници од партиите ДПА и ДУИ.

Пратениците од Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска се вратија во собраниските клупи, по најавите и одлуката потврдена од највисоките тела на партијата.

ДПА ја бојкотираше работата на Парламентот по инцидентот со колегите од ДУИ што се случи на Комисијата за финансирање и буџет, кога пратениците расправаа за амандманите за буџетот за следната година.

Собранието денеска ја продолжи расправата за буџетот за 2015 година, а на 18-тата седница на дневен ред е и Извештајот за напредокот на земјата.

XS
SM
MD
LG