Достапни линкови

Турција ќе дозволи ирачки Курди да помагаат во Кобани


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турската влада ќе овозможи ирачките Курди да ја користат турската територија и да одат во сирискиот град Кобани, за да помагаат во борбата против милитантите на Исламската држава. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, денеска најави промена во политиката. Тој само рече дека разговорите за ова прашање се во тек и одби да даде други детали. Досега Турција одбиваше да дозволи, префрлање на курдските борци преку турската територја. Американскиот претседател Барак Обама и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 18 октомври разговарале за состојбата во Кобани.

XS
SM
MD
LG