Достапни линкови

logo-print

Нема болести кај аџиите што пристигнаа


Сите предвидени 703 патници, кои по сувоземен пат се враќаат од аџилак во Саудиска Арабија, пристигнаа во државата преку граничниот премин Деве Баир и меѓу нив нема ниту еден сомнителен случај на евентуално заболување од ебола, маларија, колера и други заразни болести, карактеристични за подрачјата во кои престојувале, информираа од Центарот за јавно здравје од Куманово.

Во изминатите 10 дена, екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и на Центарот за јавно здравје дежураа 24-часа на граничниот премин Деве Баир, кој беше одреден како премин преку кој по сувоземен пат единствено можеа да се враќаат аџиите од Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG