Достапни линкови

Најмногу коментари за исламскиот радикализам


Интервјуто со поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, во кое тој зборува за тоа што е џихад, е најкоментирана тема на нашата интернет страница.

Богатата збирка интервјуа со политичари и луѓе од различна политичка, верска и идеолошка провиниенција на редакцијата на Радио Слободна Европа на македонски се збогатува со најновото интервју со поглаварот на Исламската верска заедница, реис Сулејман Реџепи, на теми актуелни, особено за радикалниот ислам.

Исламската Верска Заедница треба само да ги достави на список во прилог со снимени изјави / пеења на таканарачение самопрогласени имами кои во верските објекти и вон верските објекти (интернет, соби, затвори) проповедаат надвор од правната хенефска школа.

Фидан од Чаир, кој очигледно ги познава работите, испратил подолг коментар во кој на реис Реџепи му препорачува дека само треба да достави список на снимени пеења на самопрогласените имами кои во верските објекти и надвор од нив, преку интернет, во куќи и во затворите, проповедаат надвор од правната Хеневска школа.

Сергеј Нацев на нашата Фејсбук страница реагира на изјавата на Реџепи дека ако треба да се гине тоа треба да биде за Македонија, па напишал дека во Куранот нема сретнато да се проповеда убивање и гинење на луѓе, па макар и за „одбрана на својата татковина“.

Расте, расте и расте незапирливо балонот за задолженоста на земјава. Како и секој балон, на крај ќе пукне.

Фадил Сулоски, очигледно револтиран, прашува зошто би гинел за татковината Македонија кога таа не му дала ниту работа, ниту чест, ниту гордост.

Како коментар на изјавата на Груевски дека Македонија постигнала најголем економски раст во регионов, Незабеган, на нашата веб-страница напишал: „Расте, расте и расте незапирливо балонот за задолженоста на земјава. Како и секој балон, на крај ќе пукне.“ Прилепчанка пишува: „Народот рекол: Фали ме усто, оти ќе те раскинам. Подобар доказ од извештајот што го доби нашава најекономска власт на чело со Грујо и Ставрески како главни економисти, нема“. Перо, пак, вели дека „за нас обичните граѓани најдобро зборува нашиот џеб, кој, некако е с¢ помал пропорционално на ’растот‘ на економијата“.

На Фејсбук страницата на РСЕ има многу коментари во врска со иселувањето на младите, меѓу кои е интересен оној на Јадранка Георгиева: „Кој нормален остана на ова парче земја? Само оној што е затворен или немоќен, и оној што не може да купи билет во еден правец, остатокот замина за навек, да им го остави пустецот на фамилијата да го допусти!“

На нашата Фејсбук страница има многу коментари и за работата на Уставниот суд. Новица Милановиќ смета дека во „Фашистичка држава ништо не функционира, само казни и терор на граѓани“, а Тамара Христова прашува: „Суд??? Што беше тоа?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG