Достапни линкови

logo-print

Иранска новинарка обвинета за шпионажа загина во Турција


Иранска новинарка која известуваше за војната во Сирија, вклучувајќи ги и настаните во Кобани, загина во сообраќајна несреќа, еден ден откако турската разузнавачка служба ја обвини за шпионажа. Новинарката Серена Шим работеше за иранската телевизија на англиски јазик Прес ТВ. Обвинувањата за шпионажа уследија откако таа во еден извештај тврдеше дека со хуманитарните конвои кои заминуват од Турција за Сирија се превезуваат и странски борци, нагласувајќи дека за тоа има и снимен видео метеријал.

Телевизијата Прес ТВ оцени дека Шим го загубила животот во „сомнителна несреќа“, нагласувајќи дека нивната новинарка добивала закани од турското разузнавање.

XS
SM
MD
LG