Достапни линкови

Демонстрантие во Хонг Конг - зад нас не стојат странски сили


Водачите на протестите во Хонг Конг ги отфрлаат обвинувањата дека зад нив стојат странски сили. Нивните реакции уследија откако извршниот шеф на Хонг Конг, Леунг Чун Јинг, изјави дека странски сили ги охрабрувале демонстрантите. Тој изјави дека „надворешни сили“ од други земји го поттикнуваат народот да ги блокира главните сообраќајници веќе со недели, но притоа одби да ги идентификува. Еден од водачите на протестите, Џошуа Вонг, напиша на Фејсбук дека неговите врски со странство се ограничени на неговиот корејски мобилен телефон и американски компјутер. „Но, се разбира, сите овие се направени во Кина“, напиша тој. И од федерацијата на студенти на Хонг Конг ги отфрлија обвиненијата дека зад нив стојат странски сили и побараа лидерот да обезбеди докази.

XS
SM
MD
LG