Достапни линкови

Руски активисти ќе протестираат за третманот на Савченко


Украинскиот пилот Надија Савченко.

Украинскиот пилот Надија Савченко.

Група на руски активисти за човекови права планираат да одржат протест против судењето на украинскиот пилот Надија Савченко која е во притвор во Русија. Таа беше притворена во источна Украина и е доведена во Русија за да се соочи со правдата. Руските власти ја обвинуваат за смртта на двајца руски новинари кои загинаа во Укриана известувајќи за кризата. Денешниот протест е замислен како серија од протести на по еден човек, за да се избегне кршењето на строгите руски закони за организирање јавни собири, се организира преку социјални мрежи. Савчено е во психијатриска болница каде и се извршуваат прихијатриски испитувања. На 18 октомври еден од нејзините адвокати на Твитер напиша дека затворски службеник цела ноќ седи пред нејзината врата и ја гледа, што според нив претставува тортура. Следното рочиште од судењето на укринскиот пилот е закажано за 11 ноември.

XS
SM
MD
LG