Достапни линкови

Германија: малезискиот авион соборен со запленета ракета


Германските разузнавачки служби, според германските медиуми, утврдиле дека проруските сепаратисти го собориле малезискиот авион над источна Украина кога во јули годинава загинаа 298 луѓе со запленета ракета. Германскиот магазин „Дер Шпигел“ го цитира шефот на германската разузнавачка агенција Герхард Шиндлер кој наведува дека бунтовниците ја истрелале ракета кон авионот откако од украинските владини сили заплениле ракетен противвоздушнен систем од типот БУК што Украина претходно го добила од Русија.

XS
SM
MD
LG