Достапни линкови

logo-print

Американскa помош од воздух за курдите во Кобани


Американската Централна команда соопшти дека американските сили извршиле неколку летови во близина на опколениот сириски град Кобани со цел да ги снабдат курдите кои го бранат градот од милитантите на Исламската држава. Во соопштението на Командата се наведува дека помошта се состоела од оружје, муниција и медицински материјал кој бил обезбеден од курдските власти во Ирак. Ова е прва таква акција по неколкунеделните воздушни напади на американските сили и сојузниците во близина на Кобани на границата со Турција. Во Кобани во изминативе два дена имало жестоки битки меѓу курдите и милитантите.

XS
SM
MD
LG