Достапни линкови

Лидерот на Хонг Конг: странски сили зад протестите


Извршниот шеф на Хонг Конг Леунг Чун Јинг изјави дека странски сили ги охрабрувале демонстрантите кои веќе три недели бараат слободни избори. Во вчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата биле повредени дваесетина лица. Кинеските државни медиуми за нередите ги обвинуваат, како што наведуваат, антикинеските сили како Соединетите држави. Поранешната британска колонија Хонг Конг и беше вратена на Кина во 1997 година со договорот „една земја два система“ .

XS
SM
MD
LG