Достапни линкови

Во борбите во либискиот град Бенгази десетици загинати


Во неколккудневните борби во Бангази, град на истокот на Либија, загинале над 75 луѓе. Провладините сили предводени од пензионираниот генерал Калифа Хафтар покренале офанзива против исламските милитанти во овој пристаништен град на Медитеранот. Западните сојузници ги повикаа двете страни веднаш да ги прекинат борбите. Од револуцијата во 2011 година кога беше соборен либискиот лидер Моамер ел Гадафи, привремените власти не успеаа да формираат регуларна армија.

XS
SM
MD
LG