Достапни линкови

Ирачкиот премиер утре во посета на Техеран


Ирачкиот премиер Хајдар ел Абади утре ќе престојува во еднодневна посета на Техеран, каде што со Иранските власти треба да разговара за борбата против исламските екстремисти кои окупираа голем дел на Ирак.
Посетата исто така има за цел да се зајакнат
ирачко -иранските односи во енергијата , домувањето и градежништво, се наведува во соопштението на ирачкото министерство за надворешни работи.

Техеран е клучен поддржувач на шиитски предводената влада во Багдад .Според високи претставници на ирачките Курди, Техеран распоредил војници на ирачката страна на границата североисточно од Багдад.

XS
SM
MD
LG