Достапни линкови

logo-print

Експлозија на бомба во Египет, шестмина загинати војници


Во експлозија на бомба денеска загинаа најмалку шест египетски војници на Синајскиот Полуостров, додека четворица се потешко повредени, соопштија египетските власти.

Инцидентот се случил кога нивното оклопно возило налетало на бомба оставена покрај пат јужно од Ал Ариш, главниот град на провинцијата Северен Синај.

Исламските екстремисти често извршуваат напади врз египетската војска и безбедносните сили во северниот дел на Синај.
Најмалку 17 полицајци беа убиени во два бомбашки напади во септември во Синај. Овие напади беа нарачани од милитантната група Ансар ал-Беит.

XS
SM
MD
LG