Достапни линкови

Eрдоган:Турција нема да дозволи доставки на оружје за Курдите


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да се согласи со какви било американски доставки на оружје за курдските бунтовници, кои се борат против исламистите од групацијата „Исламска држава“ во Сирија.

Ердоган нагласи дека создавање на зона за безбедност не претставува окупациска мерка, туку само можност за бегалците од Сирија кои се наоѓаат во Турција да се вратат во својата земја.

Тој истакна дека сириската курдска Партија на демократски сојуз (ПДС), чии воени формации се борат против џихадистите од гледна точка на Турција не се разликуваат од Курдската работничка партија (ПКК).

- ПДС за нас е исто што и ПКК. Таа исто така е терористичка организација. И крајно неправилно е од нас да се очекува да почнеме да помагаме на една терористичка организација, рече Ердоган

XS
SM
MD
LG