Достапни линкови

logo-print

Нови инциденти во Војводина


Синоќа бил подметнат пожар во џамијата Муџахир во Суботица и било искршено стаклото на слаткарница во Нови Сад во сопственост на еден Горанец.

Пожарот во џамијата брзо бил изгаснат благодарение на случајните минувачи па материјалната штета не е голема.

Tри непознати лица го искршиле стаклото на слаткарницата во Нови Сад во сопственост на А.Рашити.

Неговиот зет Реџеп Ц. изјави дека е предизвикана материјалната штета. ". Ние сме Горани, тука сме 60 години и не се знае кој го направи ова или зошто Можеби е мотивирано од натпреварот со репрезентацијата на Албанија, а можеби и не. "изјави Реџеп.

Полицијата извршила истрага. Во последниве денови, пекарите во Нови Сад, како и пекари и објекти низ Војводина и Србија во сопственост на етнички Албанци се мета на вандали кои ги кршат прозорците и прават поголеми материјални штети.


XS
SM
MD
LG