Достапни линкови

logo-print

Лавров:Русија нема да потклекне пoради санкциите


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва нема да потклекне пред Западните земји за да добие за возврат укинување на санкциите. Тој ова го кажа во интервју за руските медиуми.Лавров цитирајќи ги изјавите кои доаѓаат од Меѓународната заедница рече "Ние ви кажавме дека ако помогнете во решавањето на кризата во Украина, ние ќе ги откажеме санкции "Тој дополни :" Нашиот одговор е многу едноставен - ние не се согласуваме на било какви критериуми или услови ". Лавров ги обвини западните сили дека ја користат кризата во Украина како изговор да се притисне Русија,да го смени својот пристап кон клучни, круцијални прашања. Според него тоа е колонијален начин на размислување од минатите епохи.


XS
SM
MD
LG