Достапни линкови

Дачиќ:Србија за продолжување на дијалогот ,но нема со кого


Две години по почетокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ивица Дачиќ, актуелниот министер за надворешни работи на Србија, кој го потпиша договорот меѓу Белград и Приштина, рече дека Србија сака да ги продолжи разговорите, но нема со кого тоа да го стори тоа.

Ние не сме спорната страна, чекаме да се конституира владата во Приштина, зошто друга страна за реализација на договорот нема, изјави Дачиќ.
Дачиќ смета дека голем придонес кон дијалогот е тоа што на Косово дошло до смирување на тензиите, а основна вредност е договорот за Заедницата на српски општини.

Косовскиот премиер Хашим Тачи и тогашниот српски премиер Ивица Дачиќ во Брисел, со посредство на ЕУ, се сретнаа четириесет пати.

XS
SM
MD
LG