Достапни линкови

Делегација на ЕБОР во посета на Македонија


Делегација на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој од денеска до 22-ри овој месец ќе престојува во Република Македонија.

Како што најавуваат од ЕБОР, директорите на Бордот ќе имаат средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со вицепремиерот за економски работи Владимир Пешевски, со вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими, со гувернерот на Народна банка Димитар Богов, со министерот без ресор за задолжен за странски инвестиции Веле Самак, со главниот и извршен директот на Дирекцијата за технолошки и индустриски зони Виктор Мизо и со потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

ЕБОР започна со своите инвестиции во Македонија во 1993 година и до денес има потпишано над 80 проекти со нето кумилативен деловен обем над 1,1 милијарда евра

XS
SM
MD
LG