Достапни линкови

logo-print

Порошенко:Украина ќе има гас


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека земјата ќе има природен гас од Русија оваа зима. Порошенко во интервју за украинската телевизија рече дека Русија и Украина треба да се договорат само за цената на гасот.Тој рече дека двете страни се согласиле дека Украина ќе плаќа 385 долари за 1,000 кубни метри за гасот што ќе почне да притигнува од 31 март.Порошенко кој претходно се состана со рускиот претседател Владимир Путин во Милано рече дека предложил Киев да плати по 325 долари за 1.000 кубни метри за гасот што Украина го користеше во мај и јуни и да плаќа по 385 долари за гасот за оваа зима. Тој рече дека Русија инсистирала за цена од 385 долари во текот на целата годината. Претставници од Русија, Украина , и ЕУ ќе се состанат на 21 октомври во Брисел за да разговараат за цената на гасот.

XS
SM
MD
LG