Достапни линкови

Премиерот Груевски презентираше кампања за здрава храна


.

.

Владата започна кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за употребата на здрава храна. Кампањата ја презентираше премиерот Никола Груевски, заедно со министерот за здравство Никола Тодоров и неколку доктори.

Ќе биде спроведена преку телевизиски и радио реклами, печатен материјал, билборди, автобуси, банери. За оваа цел од буџетот ќе се одвојат речиси половина милион евра.

„Избегнување на употреба на здрава храна но и на недоволно практикување на физички вежби и рекреација за подобрување на здравјето- овие факти според сите светски истражувања придонесуваат за зголемување на стапките поврзани со влошување на здравјето, кардиоваскуларните болести, дијабет од тип 2, некои видови на канцер...“, изјави премиерот Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG