Достапни линкови

ДПА се враќа во Парламентот


Новиот состав на Централното собрание на ДПА, избран по минатонеделниот конгрес на партијата, денеска во салата на локалната самоуправа во Тетово ја одржа својата прва седница. Една од главните точки беше одлуката за враќање во Парламентот на нивната паратеничка група.

- Сите аргументи беа за враќање во Парламентот. Првиот аргумент беше јавно и директно барањето на меѓународната заедница да се вратиме во Парламентот. Вториот е дека ние не сакаме да бидеме алиби на Владата оти ние со нашето политичко однесување сме виновни што Македонија веќе тоне во политичка и економска криза и третиот аргумент беше во оваа состојба каде поголемиот дел од медиумите се под контрола на власта или под контрола на организиран криминал и корупциски методи нас ни останува Паралментот преку нашите пратеници да ги искажеме нашите политики ставови, изјави претседателот на партијата Мендух Тачи.

XS
SM
MD
LG