Достапни линкови

Обама: да не се запаѓа во хистерија заради еболата


Американскиот претседател Барак Обама го искористи своето неделно обраќање до нацијата да ги повика Американците да не запаѓаат во хистерија или страв поради вирусот на Ебола. Обама изјави дека тоа е сериозна болест но додаде дека подлегнувањето на паника само им отежнува на луѓето да ги добијат потребните информации. Ние треба да бидеме водени од науката. Ние треба да се потсетиме на основните факти , дека пред да се стави крај на епидемијата, може да има уште изолирани случаи во САД. Во исто време, тој нагласи дека во земјата има само три случаи на Ебола.

XS
SM
MD
LG