Достапни линкови

Францускиот суд одобри екстрадиција на поранешен руски министер


Францускиот апелациски суд го одобри барањето на Русија да го екстрадира поранешниот министер за финансии Алексеј Кузњецов кој е обвинет за проневерување на повеќе милијарди рубли. Судот во Лион одлучи дека Алексеј Кузњецов треба да се врати во Русија но под услов тој да не биде принудуван да извршува тешка работа и да му се дозволат посети од француските власти.

Со ова судот ја подржа одлуката на обвинителството кое ги отфрли тврдењата дека Кузњецов ќе се соочи со политички прогонство во Русија.

Кузњецов беше приведен во близина на Сен Тропе во летото во 2013. Тој е обвинет од Русија за проневера на милијарди рубли, додека беше министер за финансии. Парите, наводно, ги искористил за да купи имот во странство.

XS
SM
MD
LG