Достапни линкови

Русија приведе активистка за истражување на смртта на војниците во Украина


Активистка на руската организацијата Комитет на мајките на војниците е притворена под сомнение за измама.Домот на 73-годишната Људмила Богатенкова бил претресен од полицијата по што таа е однесена во притвор. Нејзината организација оцени дека притворот е акт на заплашување во врска со нејзините активности. Богатенкова ја истражуваше смртта на руските војници во Украина. Комитетот тврди дека десетици, а можеби и повеќе од 100 руски војници биле убиени додека се бореле заедно со про-руските сепаратисти во источна Украина. Министерството за правда го стави комитетот на црната листа во август, поради тврдењата дека повеќе од 100 руски војници загинале во борбите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG