Достапни линкови

Награда за Иванов на Форумот Кран Монтана



Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е добитник на наградата на Фондацијата за 2014 година, што се доделува во рамки на Форумот Кран Монтана.

Наградата на Иванов му се доделува како личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбрана на фундаменталните слободи.

- Јас сум горд што тоа што го прави Македонија е се повеќе она со кое ќе се соочува светот во иднина, оти сите општества во иднина ќе бидат мултиетнички, мултирелигиозни и мултијазични. Нас ни требаат лидери кои ќе знаат да се справуваат со различноста, не да ја уништуваат различноста. Тоа што го гледаме на Блискиот Исток е резултат на затворен ум, на луѓе кои не можат да го отворат умот и да ја препознаат различноста и да живеат со неа, рече претседателот Иванов, посочувајќи дека престижната наградата е признание за Република Македонија и за македонските граѓани.

Годинава, покрај претседателот Иванов, добитници на наградата на Фондацијата се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, поранешниот премиер на Сенегал Амината Туре, а постухмно Ерве Хурдел.

XS
SM
MD
LG