Достапни линкови

ОН бара засилена кампања против Исламската држава


Советот за безбедност на ОН бара од меѓународната заедница да реагира со проширена и поголема поддршка за ирачките сили кои се борат против милитантите од Исламската држава. Во соопштението објавено вчера Советот наведе дека борбата против милитантите мора да се води со сите средства. Во меѓувреме Коалицијата предводена од САД бомбардира позиции на милитантите во Ирак и Сирија во изминатите неколку недели. САД ја повика Турција да заземе поголема улога во борбата против милитантите.

XS
SM
MD
LG