Достапни линкови

Украина и Русија поблиску до Резолуција за спор околу гасот


Украина и Русија покаживаат знаци за напредок кон решавање на нивниот спор во врска со снабдувањето со природен гас, по вчерашните разговорите во Италија. Рускиот претседател Владимир Путин и Украинскиот претседател Петро Порошенко имаа неколку средби во Милано на оваа тема вчера .Порошенко по средбите рече дека има одреден напредок во разговорите но дека е потребно уште да се дискутира за некои детали. Путин, исто така, рече дека се блиску до договор но дека Украина мора да го иплати долгот кон Русија за гас. Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека Украина и Русија се на дофат до договор . И рускиот министер за енергетика Александар Новак рече дека двете страни се согласиле за клучните параметри од договорот.

XS
SM
MD
LG