Достапни линкови

Иванов: Неопходно е почитување на меѓународното право


Забрзано проширување на Европската унија и НАТО, почитување на меѓународното право и интензивна соработка меѓу земјите од Западен Балкан, се чекорите, што, според македонскиот претседател Ѓорге Иванов, треба да бидат преземени со цел надминување на актуелните закани од екстремен национализам и радикализам.

Во своето обраќање на форумот Кран Монтана на тема „Безбедноста на новата европска бизнис дестинација: Балканот и глобалната безбедност", претседателот Иванов повика на интеграција на земјите од регионот во ЕУ и НАТО, со цел натамошна негова стабилизација.

Република Македонија предолго го чека заслуженото членство во Алијансата, и тоа поради непочитувањето на резолуциите на Обединетите нации, непочитување на меѓународно преземени обврски и на Пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Трето, забрзана интеграција на Република Македонија и другите балкански држави во Европската унија. Одлагајќи го проширувањето, Европската унија си создава проблем на сопствената територија, рече претседателот Иванов во своето обраќање на Форумот Кран Монтана во Женева.

Во фокусот на овогодинешната, 25-та сесија на Форумот Кран Монтана се глобалната безбедност и ситуациите во Африка, Сахара, Ирак и Блискиот исток, со фокус на Балканот.

XS
SM
MD
LG