Достапни линкови

logo-print

Надлежните смируваат, косовскиот пациент нема ебола


Косовецот кој деновиве се вратил од аџилак и за кого се сомеваше дека е заразен од вирусот на ебола, надлежните косовски служби тврдат дека нема симптоми на оваа болест. Директорот на Националниот Инситут за јавно здравје, Насер Рамадани изјави дека споменатото лице е под целосна опсервација бидејќи повраќал, но немал зголемена температура. Тој додаде дека пацентот нема никаков симптом на ебола. Според него пациентот нема никакви симптоми на ебола поради што нема да бидат правени никакви анализи. Претходно медиумите јавија дека има пациент со симптоми на ебола и дека се чекаат анализи.

XS
SM
MD
LG