Достапни линкови

Советник на Путин во посета на Иран


Секретарот на Совет за безбедност на рускиот претседател Владимир Путин, Николај Патрушев, наредната недела треба да го посети Иран. Руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека се очекува Патрушев со иранските претставници да разговара за билатералната соработка меѓу двете земји, регионалната безбедност и за иранската нуклеарна програма. Русија е една од шесте светски сили вклучени во преговорите за зауздување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите кои меѓународната заедница ги воведе поради загриженост дека Техеран се обидува да произведе нуклеарно оружје. Шесте земји постигнаа привремен договор со Иран минатата година, а крајниот рок за конечен договор е 24 ноември. Русија ја изгради првата нуклеарна централа во Иран и има подобри односи со Техеран од западните земји.

XS
SM
MD
LG