Достапни линкови

Рама сепак ќе оди во посета на Белград


Албанскиот премиер Еди Рама решил да го посети Белград и покрај инцидентите кои доведоа до прекин на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во вторникот.
Тоа ќе биде прва посета на албански премиер на Белград по 68 години.
- Рама потврди дека е одлучен да го посети Белград. Ставот на албанските власти е непроменет и покрај разочарувањето предизвикано од инцидентите и реакцијата на одговорните српски претставници. Посетата е во интерес на двете земји, но се разбира дека српската страна треба да го потврди ангажманот и волјата и да гарантира добар тек на средбата, изјави денеска албанскиот вицепремиер Нико Пелеши.
Портпаролот на албанското Министерство за надворешни работи Глеви Дервиши посочи дека „Тирана е одлучна да не падне во стапицата на насилството“ и оти „останува ангажирана да дејствува за мир, соработка и дијалог меѓу државите од регионот“.
Планирано е Рама да го посети Белград на 22 октомври.

XS
SM
MD
LG