Достапни линкови

ОХО со пет нови сликовници од проектот „Сите сме еднакви“


Деновиве невладината организација ОХО ги публикуваше петте нови сликовници кои се дел од актуелниот образовен проект „Сите сме еднакви“. Целта на проектот е да се развие едукативен, воннаставен модел, кој ќе промовира меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и социјална врска меѓу децата од основните училишта во Република Македонија.

„Голманот Риско“ од писателот Александар Прокопиев на тема „Тимска работа и фер игра“, „Бендот на Петко“ од Илина Јакимовска и „Како Петко не си ги заврши обврските?“ од Билјана Петреска Малинова на тема „Права и одговорности во општеството“, „Приказна за Ото, Ото и Ото“ на Бистра Георгиева на тема „Еднаквост и човекови права“ и „Волшебната комета“ од Николина Андова на тема „Почитување и различност во мултиетничко општество“ се петте сликовници кои деновиве беа промовирани како изданија на невладината организација ОХО.

Сликовниците се на македонски и на албански јазик. Тие се веќе имплементирани во наставата и ученици од прво до петто одделение во 21 основно училиште во Републикава ќе ги изучуваат по предметите Општество и Запознавање на околината.

Станува збор за објави кои се дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“, кој се одвива со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во нашава земја, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во Република Македонија. Целта на проектот е да се развие едукативен, воннаставен модел кој ќе промовира меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и социјална врска меѓу децата на возраст од 6 до 11 години од основните училишта во нашава држава.

„Сликовниците се на македонски и на албански јазик. Тие се веќе имплементирани во наставата и ученици од прво до петто одделение во 21 основно училиште во Републикава ќе ги изучуваат по предметите Општество и Запознавање на околината. Од сликовниците очекуваме да дадат придонес во зајакнувањето на меѓуетничките, меѓукултурните и социјалните односи кај децата“, истакнува Ана Дескова, проект координатор во ОХО.

Во мојата сликовница немој да очекувате бувот кој што е панкер дека ќе биде насилникот. Напротив. Сите тие работи коишто се таму нацртани и кажани во прикаската се намерно ставени така за да се разбиваат стереотипите коишто ни се наметнуваат на некаков начин во нашето општество.

Бистра Георгиева, авторката на сликовницата „Приказна за Ото, Ото и Ото“, пак, вели дека нејзината идеја била на децата да им ја пренесе пред сè пораката дека треба да се почитуваат различностите и да се обидат да го препознаат богатството на различностите во себе и кај возрасните.

„Во мојата сликовница немој да очекувате бувот кој што е панкер дека ќе биде насилникот. Напротив. Сите тие работи коишто се таму нацртани и кажани во прикаската се намерно ставени така за да се разбиваат стереотипите коишто ни се наметнуваат на некаков начин во нашето општество. Најсреќна ќе бидам доколку тоа се постигне и доколку децата го увидат низ годините читајќи ги овие сликовници“, вели таа.

Георгиева дополнува дека ова нејзе ѝ е ова прво печатено дело и дека ликовите од приказната ги оживеала и за целиот дизајн се погрижила Моника Каретеро од Шпанија, светски позната илустраторка до која дошла сосема случајно – преку интернет.

„Откога ѝ ја пратив приказната за трите бувови која што веќе беше напишана, нејзе толку многу ѝ се допаднала сторијата и самата идеја дека никогаш порано не работела нешто за Македонија, што со толку многу љубов ги оживеа трите лика, а мене не ми остана ништо друго освен да бидам пресреќна од таквиот развој на настаните. Така што ова мое првенче заедно со Моника Каретеро како илустраторка е едно убаво дело за кое се надевам дека допрва ќе го оживуваат наставниците и родителите во тој процес на едукација на децата“, потенцира Бистра Георгиева.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG