Достапни линкови

Вести

Инцидент на концерт во Јужна Кореја, 14 жртви

Најмалку 14 луѓе денеска загинаа, а десетина се сериозно повредени во инцидент на концерт во близина на главниот град на Јужна Кореја, Сеул. До несреќата дошло кога пропаднала решетка за вентилација и група посетители на концертот паднале од 20 метри висина во подземен паркинг во Сеонгнам. Се проценува дека на концертот на отворено на популарниот корејски женски бенд 4Минути имало околу 700 посетители. Во април годинава во Јужна Кореја потона ферибот и загинаа повеќе од 300 луѓе, најголемиот дел од нив средношколци. Несреќата ја натера владата да вети преразгледување на безбедносните стандарди во земјата.

види ги сите денешни вести

Украински дронови уништиле радар во Русија, тврдат официјални лица од Киев

Наводно уништен радар „Небо - СВУ“ во Русија (илустрација)
Наводно уништен радар „Небо - СВУ“ во Русија (илустрација)

Беспилотните летала на Службата за безбедност на Украина (СБУ) уништиле воени радари во областа Брјанск во Русија, потврдил извор од украинската служба, пишува Радио Слободна Европа на англиски јазик.

„Радари вредни 100 милиони долари беа погодени од седум беспилотни летала“, изјави за (РСЕ) извор од СБУ кој сакаше да остане анонимен, додавајќи дека има потврда дека рускиот комплекс повеќе не е во функција.

Тој не прецизираше кога се случил наводниот напад, а информацијата не можеше да биде независно потврдена. Неодамна, Русија не спомна ниту обид за украински напад врз Брајанск.

Радарскиот комплекс „Небо-СВУ“ го надгледуваше небото на површина од околу 700 километри во Украина, нудејќи им на руските трупи подобра контрола за време на нападите и поддршка на бомбардери кои целат на украинска територија.

Руското Министерство за одбрана на 16 април објави дека руските сили „спречиле обид за напад на украинско беспилотно летало“, соборувајќи три над регионот Белгород.

Соочена со недостиг од системи за противвоздушна одбрана, оружје и муниција, украинската војска се повеќе прибегнува кон напади со беспилотни летала на руска територија, насочени кон воени инсталации и капацитети за преработка на нафта.

Болните и изнемоштени лица до полноќ можат да се пријават за гласање на претседателските избори

Избори (архивска фотографија)
Избори (архивска фотографија)

Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот, посочуваат од Државната изборна комисија (ДИК).

Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите.

„Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник)“, се посочува во Роковникот на институцијата.

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април. Првиот круг за претседателските избори е на 24 април (среда).

Грмотевици и поплави во Пакистан - загинаа 39 лица

Млад жител носи работи од поплавен дом по силен дожд во Пешавар, Пакистан, 15 април 2024 година.
Млад жител носи работи од поплавен дом по силен дожд во Пешавар, Пакистан, 15 април 2024 година.

Во поројните дождови и грмотевици кои зафатија неколку делови на Пакистан загинаа 39 лица, а десетици беа повредени во изминатите неколку дена, соопштија локалните власти на 16 април.

Најпогодени се провинциите Хајбер Пахтунхва на северозапад, Пенџаб на исток и Балучистан на југозапад.

Главниот град на Белуџистан, Квета, прогласи „вонредна состојба од урбани поплави“, соопшти пакистанската агенција за управување со катастрофи.

Повеќето од жртвите се земјоделци кои биле погодени од гром додека вршеле теренска работа.

Поради обилните врнежи во 2022 година, во Пакистан се случија огромни поплави во кои загинаа 1.739 луѓе, а штетата беше проценета на 30 милијарди долари (28 милијарди евра).

Европската Комисија го одобри Планот за реформи и инвестиции во Украина

Логото на Европската Комисија
Логото на Европската Комисија

Европската Комисија донесе Одлука со која даде позитивна оценка за спроведување на Планот за Украина, кој претставува сеопфатната стратегија за реформи и инвестиции во земјата за следните четири години, изјави портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

„Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии, за обезбедување на основни јавни услуги и за да ги поддржи обновата и реконструкцијата додека продолжува да се брани од руската агресија“, изјави Писонеро.

Таа потенцира дека исплатата на 50-те милијарди евра предвидени со Механизмот во следните четири години, ќе зависи од имплементацијата на договорените реформи и инвестиции наведени во Одлуката, како и под услов Украина да продолжи да ги поддржува и почитува демократските механизми.

„Планот, исто така, обезбедува рамка за управување со обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина и содржи соодветни механизми и аранжмани за заштита на финансиските интереси на ЕУ, преку обезбедување на ефективна имплементација, следење и известување“, додаде Писонеро.

Комисијата проценува дека Планот за Украина е усогласен и избалансиран со целите на Украинскиот механизам за справување со предизвиците на Киев на патот кон членство во ЕУ и како одговор на потребите за обнова, реконструкција и модернизација на земјата, со што ќе се поттикне одржливи економски раст и ќе се привлекуваат инвестиции за засилување на потенцијалот за раст на државата на среден и подолг рок.

Планот идентификува 69 реформи и 10 инвестиции, поделени на 146 квалитативни и квантитативни показатели.

Реформите предложени во Планот за Украина опфаќаат 15 области, вклучувајќи ги енергијата, земјоделството, транспортот, зелената и дигиталната транзиција, човечкиот капитал, како и државните претпријатија, деловното опкружување, јавните финансии и децентрализацијата.

Целта на реформите е да ги подобрат макроекономската и финансиската отпорност и управувањето на Украина, да ги зголемат капацитетите и ефикасноста на администрацијата, одговорноста и интегритетот на судството, да го поддржат развојот на приватниот сектор и да создадат амбиент погоден за одржлив економски раст. Инвестициите, пак, се наменети за областите на човечкиот капитал, енергијата, транспортот, земјоделско-прехранбениот сектор, деловното опкружување и регионалните политики.

Земјите членки на ЕУ сега имаат рок од еден месец за усвојување на оваа Одлука на Европската Комисија. Усвојувањето на Одлука за спроведување на Планот ќе и овозможи на Комисијата да и исплати на Украина 1,89 милијарди евра во форма на предфинансирање, додека не започнат редовните исплати поврзани со спроведувањето на реформските и инвестициските индикатори утврдени со документот.

Сè помалку учениции и сè повеќе затворени училишта

илустрација
илустрација

Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182 245 ученици, а во средните училишта 66 678 ученици.

Податоците меѓудругото, покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.

Драстично намален број на ученици годинава има во поголемите општини како Битола, Охрид и Прилеп. Повеќе ученици се запишани само во Аеродром и Чаир. Секоја година сè повеќе деца на македонски државјани се раѓаат во странство, а Северна Македонија е меѓу 20-те земји со најголема стапка на иселување.

Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека на крајот од секоја година на државно ниво за стотици ученици е помал бројот на ученици кои ја завршуваат годината, во однос на оние кои се запишале на почетокот од истата, токму како последица на заминувањето во други држави.

Српската опозиција предлага локалните и белградските избори да се одржат наесен

Илустрација од изборите во Србија, 17 декември 2023 гдина
Илустрација од изборите во Србија, 17 декември 2023 гдина

Пратениците од коалицијата „Србија против насилството“ на претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ и доставија предлог за измени на Уставниот закон, со кои се предлага локалните и белградските избори да се одржат истовремено, на есен оваа година.

Во документот испратен до Брнабиќ, се наведува дека Србија се наоѓа во сложена уставна криза, која има своја меѓународна димензија и дека изборите во претходните години беа систематски поделени на термини во кои се избираат собранија на единиците на локалната самоуправа и затоа нивниот предлог е сите избори за единиците на локалната самоуправа да се одржат во ист ден, во 2024 година.

Во документот што го објави Нова с, пишува дека изборите за Собранието на Град Белград и собранијата на сите општини, градови и општини во Србија треба да се одржат истиот ден шест месеци од стапувањето во сила на последен пат донесен закон најрано, а најдоцна до крајот на 2024 година.

Во документот што го објави телевизијата Нова-С, пишува дека изборите за Собранието на Град Белград и собранијата на сите општини, градови и општини во Србија треба да се одржат во ист ден, најрано шест месеци по влегувањето во сила на последниот донесен закон, а најдоцна до крајот на 2024 година.

„Народното собрание ќе донесе закони за изменување и дополнување на Законот за локални избори, Законот за избор на народни пратеници, Законот за единствен избирачки список, Законот за живеалиште и престој на граѓаните, Законот за финансирање на политичките активности, Закон за спречување на корупцијата и Закон за Уставен суд“, се наведува во предлогот.

Предвидено е властите на градот Белград, општините, градовите и градските општини кои ги извршуваа своите функции во времето на влегувањето во сила на овој Уставен закон, да продолжат да работат до денот на конституирањето на новите собранија.

Синдикатот во Македонска пошта бара нова систематизација

Зградата на Македонска пошта (илустрација)
Зградата на Македонска пошта (илустрација)

Синдикатот во „Македонска пошта“ ќе изготви систематизација, ќе ја достави на идната влада и ќе инсистира на нејзина итна примена, како почетно решение за состојбата на Поштата, која, како што изјави денеска синдикалниот лидер Боро Велигденов, е на работ на егзистенција, а со која се доведени во прашање над 2000 работни места.

По изборите ќе се бара да се потпише и новиот колективен договор што го подготвиле, но за кој, работата на комисијата била прекината пред година и половина. Исто така се бара и итно подобрување на условите за работа и обезбедување средства бидејќи според Синдикатот во ваква состојба има огромни тешкотии во работењето.

Велигденов на прес-конференција пред Владата истакна дека веќе се консултираат со членството за организирање нов протест и почнување постапка за штрајк, откако по минатомесечниот протест не добиле одговор на барањата за состанок со Управниот одбор и со Владата.

„Како Синдикат почнуваме со подготвување на систематизација со вклучување на експерти. Целта е да се приложи на која и да биде идна Влада за да се почне веднаш со реформи, реорганизација и стабилизација на друштвото. Состојбите се крајно сериозни, финансиската состојба е алармантна, како вработени сме загрижени за редовната исплата на платата. Вчера земавме плата, но имаме неисплатена плата на над 200 договорни поштари, рече Велигденов.

Поштарот сѐ поретко ѕвони, ниските плати ги избркаа поштарите
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:14 0:00

Тој рече дека му е важно да не продолжи лошата кадровска политика и партизацијата и дека клучен проблем е токму систематизацијата.

„Со постоечката систематизација, а веруваме дека таква организација во работењето нема во ниту една институција, имаме 15 подружници, 15 директори, седум члена на Управен одбор, шефовски места, раководни позиции, советници, стручни соработници, а се помалку работници во технолошкиот процес“, укажа Велигденов.

Целта, посочи, е да се изготви нова систематизација согласно потребите на друштвото и на пазарот и да се стави огромен акцент на технолошкиот процес и на обработка на пратките.

Според него, по последниот протест на вработените минатиот месец, УО и Владата не одговориле на барањата за состанок и ги нарушиле начелата и принципите за социјален дијалог и ги оставиле вработените сами да се борат за спас на Македонска пошта и за зачувување на работните места.

Поради распишаните избори во тек се консултации со членството за да се одлучи какви ќе бидат плановите за организирање протест и штрајк.

ЕУ усвои измени во преговарачката рамка со Србија, вклучувајќи ги и обврските од Охридскиот договор

Премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел и пратеникот за дијалог на ЕУ, Мирослав Лајчак
Премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел и пратеникот за дијалог на ЕУ, Мирослав Лајчак

Амбасадорите на членките на Европската Унија (ЕУ) едногласно ги усвоија дополнувањата и измените во поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија, дознава Радио Слободна Европа (РСЕ) од дипломатски извори.

Овие измени се однесуваат на обврските за Србија кои произлегоа од договорите со Косово, лани во Брисел и Охрид.

Во договорениот текст, меѓу другото, се наведува дека умнапредувањето на преговорите на Србија за пристапување во ЕУ ќе биде водено од напредокот на Србија во подготовките за пристапување, „што ќе се мери особено во однос на континуираниот ангажман на Србија во видливо и одржливо подобрување на односите со Косово, како и другите барања содржани во точка 23 од преговарачката рамка“.

Во текстот во кој РСЕ имаше увид, се нагласува и дека Србија треба целосно да ги спроведе своите обврски кои произлегуваат од Договорот за нормализација на патот меѓу Косово и Србија, според нејзиниот анекс за имплементација, договорен на 18 март 2023 година.

„Сите дискусии поврзани со имплементацијата на Договорот ќе се одвиваат во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ“, стои во договорениот текст на измените на поглавјето 35 во преговарачката рамка меѓу Брисел и Белград.

По одобрувањето на евроамбасадорот, Србија писмено ќе биде информирана за измените и дополнувањата на преговарачката рамка.

Со усвојувањето на овој став, обврските на Србија од Бриселскиот и Охридскиот договор стануваат составен дел од процесот на пристапување на Србија во ЕУ.

„Заедничкиот став за поглавјето 35 за Србија беше усвоен без коментар. Претседателството објави дека истиот јазик ќе се користи и во Косово“, изјави дипломатски извор за РСЕ.

Рамката за преговори на ЕУ е основниот документ на кој се одвива процесот на преговори за членство со земјата кандидат. Поглавјето 35 во преговорите за членство на Србија ги вклучува односите со Косово.

Заедно со Црна Гора, Србија се смета за лидер во процесот на пристапните преговори. Сепак, поради неподдржувањето на санкциите на ЕУ против Русија, Србија нема отворено ниту едно поглавје од 2021 година.

ЕУ секогаш најавуваше дека обврските на Србија и Косово од договорите постигнати во дијалогот ќе бидат составен дел од европскиот пат за секоја земја.

Бидејќи Косово нема кандидатски статус, обврските од дијалогот ќе бидат вклучени во специјалната група за нормализација.

Британскиот парламент расправа за закон за постепена забрана на пушењето

илустрација
илустрација

Британскиот парламент во вторник (16 април) ја почна расправата за нацрт-законот што ќе оневозможи младите луѓе да пушат, предложен од премиерот Риши Сунак и покрај противењето на многумина во неговата Конзервативна партија.

Законот ќе ја забрани продажбата на тутунски производи на сите родени по 1 јануари 2009 година, ефективно зголемувајќи ја возраста за пушење за една година во секоја наредна година додека не се покрие целото население.

„Ова има потенцијал постепено да го укине пушењето кај младите веќе во 2040 година“, рече владата при презентацијата на планот, нарекувајќи го „историски“ потег.

Иако се чини дека законот ќе биде донесен благодарение на поддршката на опозициските партии, Сунак се соочува со можност од бунт од конзервативните пратеници.

Загрозениот премиер има мал политички капитал за трошење во неговата распадната партија, која со месеци заостанува зад опозициските лабуристи на анкетите.

Конзервативниот пратеник Сајмон Кларк за Би-Би-Си изјави дека е „и скептичен и целосно против“ предложениот закон за пушење.

„Мислам дека целосната забрана ризикува да стане контрапродуктивна, мислам дека всушност ризикува да создаде црн пазар, а исто така ризикува да создаде предизвик што властите не можат да го контролираат“, рече тој.

Поранешниот премиер Борис Џонсон, исто така, на настан во Канада минатата недела рече дека е „лудо“ што партијата на Винстон Черчил „забранува пури“.

Сепак, анкетите покажуваат дека околу две третини од луѓето во Обединетото Кралство поддржуваат постепена забрана за пушење.

Пожар во зградата на Берзата во Копенхаген, се урна нејзиниот врв

илустрација
илустрација

Пожар изутрината го зафатил покривот на зградата на Берзата во Копенхаген, која е една од најстарите згради во градот, јавуваат медиумите.

Зградата која се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.

Се урнал и симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.

Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека анексот на Парламентот е евакуиран.

Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви.

Палатата Кристијансборг гореше во неколку наврати досега. Неодамна, во 1990 година избувна пожар во анексот на парламентот познат како Proviantgaarden. Полицијата побара од луѓето да избегнуваат возење во внатрешниот дел на градот.

Причината за пожарот засега не е позната.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG