Достапни линкови

Извештај на ЕК за трговија со луѓе


Бугарија, Холандија, Полска, Унгарија и Романија се петте држави од ЕУ, во кои се откриваат најмногу жртви на трговијата со луѓе за периодот 2010-2012 година, покажува денеска објавениот извештај на Европската комисија. Податоците од извештајот покажуваат дека 65 отсто од жртвите на оваа криминална појава произлегуваат од ЕУ. Огромен дел од шверцерите (70 процента) се мажи, а најчесто жртви на трговијата се жени. Извештајот покажува дека најчесто жртвите се привлекувани со ветувања за добро платена работа, а неретко и преку интернет.

XS
SM
MD
LG